Ракомет

Вардар со Војводина во Охрид за првиот официјален тест: Следува силен предизвик во Регионалната лига

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Македонскиот шампион- Вардар го очекува првиот официјален натпревар во новата сезона, а противник ќе биде српскиот вицешампион Војводина. Дуелот во рамките на Регионалната лига ќе се одигра на 17 август во Охрид, со почеток од 17:00 часот.

ФОТО: РК Вардар

„Црвено-црните“ во Охрид пристигнаа во завршната фаза од подготовките, но и со веќе неколку силни проверки зад себе. Деновиве, Вардар настапуваше на традиционалниот 54. меѓународен турнир во Струга, каде што го освои второто место, во интересен финален меч против актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид.

Охриѓани беа подобри и славеа со 31:30 против Вардар, и со тоа успеаја да ја продолжат успешната традиција на турнирот, бидејќи беа актуелни бранители на трофејот од минатото издание. Финалето беше уште една квалитетна проверка и за двата македонски претставника пред официјалниот старт на сезоната.

Веднаш по струшкиот турнир, Вардар ќе се пресели во Охрид, каде од 18 до 22 август ќе биде дел од петтото, јубилејно издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“. И таму домаќинот ќе влезе со статус на бранител на титулата, што дополнително му дава тежина на турнирот.

ФОТО: РК Вардар

Сепак, за Вардар најважниот датум во Охрид ќе биде 17 август, кога ќе следува официјалниот дуел со Војводина. Српскиот тим минатата сезона ја заврши како вицешампион, па „црвено-црните“ веднаш ќе имаат сериозен тест на стартот од новата сезона.

Амбициите на Вардар оваа сезона се високи, особено со оглед на настапот во Лигата на шампионите. Македонскиот тим ќе биде дел од елитното европско натпреварување, што носи и дополнителна тежина на секоја подготовка и секој официјален натпревар.

ФОТО: РК Вардар

Во септември, пак, следува и македонскиот Супер куп, во кој силите ќе ги одмерат повторно Охрид и Вардар. Така, двата најуспешни македонски состави ќе имаат уште една директна пресметка пред стартот на сезоната, а подготовките и турнирите во Струга и Охрид ќе бидат важна увертира за тоа што следува.

Сепак, на 17 август во Охрид ќе биде отворена официјалната сезона за „црвено-црните“, со противник кој веднаш ќе покаже до каде тимот е подготвен за предизвиците што го очекуваат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!