Ракомет

Екс репрезентативката Симона Грујовска стави крај на ракометната кариера

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Една од најталентираните голманки во македонската женска Супер лига, Симона Грујовска, реши да стави крај на својата активна ракометна кариера, објави Спортска Димензија.

Грујовска во досегашниот тек на кариерата се наметна како квалитетна голманка, која честопати беше меѓу најдобрите поединци на својата екипа, а не беа ретки натпреварите на кои имаше и двоцифрен број интервенции.

Нејзиниот последен клуб беше Куманово, каде што настапуваше и во вториот дел од минатата сезона. Токму во тој период се здоби со повреда по која следуваше пауза од терените. Во меѓувреме, Грујовска донесе одлука да го прекине активното играње ракомет, иако со својот квалитет и потенцијал сигурно би била посакувано засилување за голем број суперлигашки екипи.

Ракометниот пат го започна во школата на Вардар, а во дресот на „црвено-црните“ го оствари и еден од најзначајните успеси во кариерата.

Во 2019 година, на завршниот Ф4 турнир од Купот на Македонија, кој се одржа токму во Куманово, Грујовска беше прогласена за најдобар голман на турнирот, додека со Вардар го освои сребрениот медал.

Во кариерата двапати го носеше дресот на Куманово, а во сезоната 2022/23 со кумановскиот тим стигна до трофејот во Купот на Македонија. Беше дел и од Металург Автокоманда, клуб кој повеќе не постои.

Грујовска имаше и репрезентативно искуство. Таа ги бранеше боите на кадетската и младинската репрезентација на Македонија на ЕХФ шампионатите, а беше и дел од поширокиот список на сениорската репрезентација.

Иако сè уште е млада и пред неа можеше да има уште многу успешни сезони, Грујовска одлучи да стави точка на активното играње и да се насочи кон професионален план надвор од теренот.

Зад себе остава кариера исполнета со настапи во македонската Супер лига, трофеј во Купот на Македонија, индивидуално признание за најдобар голман на завршен турнир и репрезентативни настапи во младинските категории.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!