Втора лигаФудбал

Дарко Крстески е нов тренер на второлигашот Кожуф од Гевгелија

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија го ангажираше Дарко Крстески за нов шеф на стручниот штаб, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.

Искусниот 54-годишен стратег доаѓа на местото на Иван Варадиновски, кој минатата сезона го предводеше тимот од Гевгелија.

Интересно е што дојде до своевидна „тренерска размена“ меѓу двата второлигаши.

Варадиновски по заминувањето од Кожуф ја презеде екипата на Новаци, додека Крстески по разделбата со Новаци се сели на клупата на Кожуф, па практично двајцата тренери ги заменија своите клубови.

Крстески зад себе остава успешен тригодишен мандат во Новаци, каде беше еден од најзаслужните за стабилизацијата и резултатскиот напредок на клубот. Минатата сезона Новаци ја заврши на седмото место во Втората македонска фудбалска лига, што претставуваше еден од најдобрите пласмани на клубот во последната деценија.

Особено значајно е што Крстески остана со Новаци и во периодот кога клубот се соочуваше со финансиски предизвици. По влезот на компаниите Евротип и Голд Филиција, клубот се консолидираше, а токму под негово водство Новаци се наметна како едно од најпријатните изненадувања во второлигашката конкуренција.

Во својата богата тренерска кариера, Крстески ги предводеше Победа, со која избори пласман во Првата македонска фудбалска лига, како и Пелистер, Караорман, Новаци, а сега пред него е нов предизвик на клупата на Кожуф.

Искусниот стратег поседува УЕФА Про лиценца и од него во Гевгелија очекуваат да формира конкурентен тим кој ќе има високи амбиции во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!