Трета лигаФудбал

Големо Коњари е есенски шампион во Трета лига – Југ, Превалец најавува борба за бараж и Втора лига!

Сподели
Сподели

Екипата на Големо Коњари е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, со 28 бодови на своето конто и учунок од девет победи, едно реми и два порази.

Всушност Големо Коњари и минатата сезона беше есенски шампион, но во пролетниот дел Борец успеа да надокнади и да стане шампион и преку баражот се врати во Втора лига.

Големо Коњари го има најдобриот напад со 32 гола, а примени пет со што ја има најдобрата одбрана.

На второто место заврши новајлијата Башкими 2008 со 25 бодови на своето конто, преку седум победи, четири ремија и само еден пораз, а пак на третото место заврши Превалец со 24 бодови и учинок од седум победи, три ремија и два порази.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 12 9 1 2 32 5 +27 28
2 ФК БАШКИМИ 2008 12 7 4 1 25 10 +15 25
3 ФК ПРЕВАЛЕЦ 12 7 3 2 24 11 +13 24
4 ФК УЛТРАС 12 6 2 4 34 25 +9 20
5 ФК МЛАДОСТ 1930 12 6 2 4 21 13 +8 20
6 ФК РОСОМАН-83 12 6 2 4 20 16 +4 20
7 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 12 5 3 4 22 15 +7 18
8 ФК ПИТУ ГУЛИ 12 4 4 4 14 12 +2 16
9 ФК Бучин 12 4 4 4 16 19 -3 16
10 ФК ДРЕНОВО 2016 12 2 5 5 16 23 -7 11
11 ФК Влазними Јуниор 12 3 1 8 18 36 -18 10
12 ФК СЛОГА 1976 12 2 1 9 13 39 -26 7
13 ФК ОБРШАНИ 12 1 0 11 8 39 -31 3
14 ФК МАРЕНА 0 0 0 0 0 0 0 0

Како што веќе информираше Спортска Мрежа екипата на Превалец најавува амбиции за атак на првото место во пролетниот дел и со тоа освојување на баражот кој води кон можен пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Ќе биде супер интересна и неизвесна сезона, дали ќе видиме сезона во која одново есенскиот шампион Големо Коњари ќе ја загуби пролетната борба или пак во оваа сезона Големо Коњари ќе ја освои таа борба за фудбалските терени и да заигра во баражот за можен пласман во Втората лига.


Сепак есенскиот дел во Трета лига – Југ беше одбележан со откажување на две екипи. Марена воопшто и не започна со натпреварување, а Обршани се откажа во текот на натпреварување со што од 14 екипи Трета лига – Југ сега брои 12 екипи.

Во секое коло по две слободни екипи, полусезона каде што имаше доста прекинати натпревари, нападнат главен судија на меч, барање на утврдување на идентификација на играчи, есенска полусезона каде многу натпревари заврши со службени резултати.

Пролетниот дел од Трета лига – Југ ќе започне со натпревари од 14. коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3...

Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!