Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Бобан Бабунски нов тренер на прволигашот Беса

Сподели
Сподели

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Беса од Добри Дол го промовираше Бобан Бабунски како нов тренер, кој ќе биде дури трет на тренерското столче во овој клуб.

56-годишниот стратег кој во својата кариера ги има водено Пелистер, Вардар, Победа, Работнички, беше неколку натпревари и селектор на Македонија, како и прв асистент во Шкупи, сега ќе има нов предизвик со Беса.

Дебитантот сезоната ја започна со Александар Таневски, тренерот кој со Беса беше шампион во Втората лига и ја внесе Беса во Прва лига, потоа кратко дојде Берат Имери, но тој замина, а сега седнува Бабунски како кормилар на Беса.

„Задоволство ни е да објавиме дека постигнавме договор со познатиот тренер Бобан Бабунски. Веруваме дека ќе внесе позитивен дух и нова енергија во нашиот тим, помагајќи ни да ги оствариме нашите цели за новата сезона. ФК Беса му посакува добредојде и успех на тренерот Бабунски во нашиот клуб“, се вели во соопштението на Беса.

Беса се наоѓа во бараж зоната или на 10. место на прволигашката табела на своето конто има 13 бодови со учинок од три победи, четири ремија и 11 порази.

Пролетниот дел Беса го отвара во Охрид на „Билјанини Извори“ против Воска Спорт и тоа ќе биде всушност дерби од дното на табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!