Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Машката кадетска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на контролните натпревари во Бугарија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката кадетска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на контролните натпревари во Софија, откако загуби од селекцијата на Ирска со 79:88.

Нашите кадети одиграа изедначен натпревар во најголемиот дел од средбата и беа рамноправен ривал, но Ирците одиграа подобро во последната четвртина и со подобра завршница стигнаа до победата.

Најефикасен во македонскиот тим беше капитенот Зунзуровски со 26 поени, четири асистенции и два скока. Шабани додаде 20 поени, четири скока и три асистенции, додека Коневски натпреварот го заврши со 15 поени и пет скока. По шест поени постигнаа Колевски и Бошев.

По двата контролни натпревари во Софија, репрезентацијата продолжува со завршната фаза од подготовките пред претстојните официјални настапи. Селекторот Дејан Стојановски истакна дека овие проверки биле важен показател за моменталната форма и напредокот на тимот.

„Ирска одигра со многу висок интензитет и тоа беше добро искуство за нас. Имавме проблеми во скокот, во играта “еден на еден” во одбраната и имавме премногу загубени топки.

Им дадовме шанса на сите играчи и направивме широка ротација, што и беше целта на овие натпревари. Во еден момент се вративме од негатива од десетина поени, израмнивме, но во последната четвртина противникот премина во зонска одбрана, на која сè уште не сме работеле. Затоа сметам дека ова беа две многу корисни контролни средби за нас. Сега продолжуваме во следната фаза од подготовките.“ – вели селекторот.

По одигрувањето на двете контролни средби во Софија, македонската кадетска репрезентација се враќа во Скопје, каде ќе ја одработи завршната фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Шампионатот ќе се одржи од 6 до 15 август, а домаќини ќе бидат Скопје и Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!