Пелистер Битола продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот официјално потврди дека четворица фудбалери ќе ја продолжат соработката со битолскиот состав.
Нов договор со Пелистер потпишаа Кире Ристевски и Стефан Спировски, кои со своето големо искуство треба да имаат значајна улога во тимот во новата натпреварувачка сезона.
Покрај нив, верност кон зелено-белите бои продолжија и младите фудбалери Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски, кои во клубот ги гледаат како дел од иднината и генерацијата на која сериозно се смета во периодот што следува.
Сите четворица потпишаа договори со важност од една сезона и ќе бидат дел од тимот кој ќе ја има главната цел – враќање на Пелистер во Првата македонска фудбалска лига.
Раководството на клубот во овој период активно работи на комплетирање на играчкиот кадар и создавање конкурентен состав кој ќе одговори на амбициите во новата сезона.
Официјалниот старт на подготовките е закажан за четврток, кога новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ќе ја одржи првата прозивка и ќе го означи почетокот на подготовките за новиот предизвик.
МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...
По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...
По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...
Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...
Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...
Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...