Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Тома Стојаноски: Прва задача ни е Ирска, прво да завршиме со нив, а потоа ќе мислиме на Луксембург

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од подготовките пред клучните натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.

Во ростерот на селекторот повторно е и Тома Стојаноски, кој е подготвен да го даде својот придонес во сениорскиот национален тим.

Крилниот кошаркар зад себе има комплетен период на подготовки, а фокусот сега е насочен кон првиот предизвик – дуелот против Ирска.

Македонија утре од 18 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува Ирска, додека три дена подоцна следува гостувањето кај Луксембург.

„Атмосферата е одлична. Имавме два пријателски натпревари, од кои првиот не заврши позитивно за нас, но во меѓувреме се рекупериравме. Ни се приклучија и двајцата наши натурализирани играчи, а од тимот кој настапи на контролата во Самоков, сега ги имаме и Јакимовски и Војдан Стојановски“, вели Стојаноски.

Стојаноски  смета дека тимот е подготвен за предизвикот и има јасна цел во претстојните два натпревари.

„Во изминатиот период направивме добри тренинзи и скаутинг со стручниот штаб. Мислам дека имаме добра и солидна екипа со која сакаме две победи во овој „прозорец“. Прва задача ни е Ирска, прво да завршиме работа со нив, а потоа ќе мислиме на Луксембург“, додава тој.

Стојаноски открива дека стручниот штаб веќе детално го анализирал противникот и очекува поинаков состав од оној со кој Македонија се соочи во претходниот дуел.

„Ирска има скоро шест до седум нови играчи. Се работи за помлади имиња кои играат во американската колеџ-лига. Ги видовме повеќето од нив преку видео-анализата. Играат брза кошарка, а ние мораме први да го поставиме темпото и да дојдеме до победа пред нашата публика“, потенцира Стојаноски.

Репрезентацијата на Македонија го очекува продолжението од претквалификациите со јасна цел – максимален учинок во домашниот дуел со Ирска и гостувањето кај Луксембург.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!