Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Легендата на македонската кошарка дел од стручниот штаб на младинската репрезентација

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Еден од најдобрите македонски кошаркари во поновата историја, Предраг Самарџиски, започна ново поглавје во својата кариера. Поранешниот репрезентативец се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија У20 , која ги продолжува подготовките за Европското првенство од Дивизијата „Б“.

Македонските надежи од 10 до 19 јули ќе настапат на шампионатот во Братислава, а Самарџиски од вчера официјално е дел од стручниот тим кој ќе работи со младите кошаркари.

По завршувањето на успешната играчка кариера во 2023 година, Самарџиски реши да се посвети на тренерската професија. Во изминатиот период работеше во Кина, каде стекна драгоцено искуство, а сега повторно е дел од македонската кошарка.

Неговото богато репрезентативно и клупско искуство ќе биде од голема корист за младинската селекција, која ќе се обиде да остави добар впечаток на Европското првенство. Како член на генерацијата што го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, Самарџиски сега ќе има можност своето знаење и искуство да го пренесе на новите таленти.

Со неговото доаѓање, стручниот штаб добива уште едно звучно име кое ќе помогне во развојот на младите кошаркари и нивната подготовка за европскиот предизвик.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!