Прва лигаФудбал

Енис Дервиши се раздели со прволигашот Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Искусниот фудбалер Енис Дервиши кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако реши да се раздели со Шкендија Арачиново, по истекот на договорот, двете страни не успеале да се договорат околу финансиските услови со цел да може да се продолжи соработката.

Десниот бек беше еден од најзаслужните играчи што Шкендија Арачиново обезбеди историски пласман во Првата македонска фудбалска лига.

„Горд сум што токму мојот пенал го однесе ФК Шкендија Арачиново во Првата лига, а уште посреќен што успеав да го повторам успехот што претходно го постигнав со Гостивар – двапати шампион. Мојот договор заврши и, по многу разговори околу финансиските услови, не успеавме да постигнеме договор. Време е да кажам благодарам. Голема благодарност до клубот, стручниот штаб, Берат Имери, моите соиграчи и навивачите за секој момент, секој предизвик и секој спомен што ги создадовме заедно. Секогаш го давав својот максимум на теренот и горд сум што го носев црвено-црниот дрес. Му посакувам на клубот многу успеси во иднина“, вели Дервиши.

28-годишниот фудбалер покрај за екипата од Арачиново настапуваше и за Тетекс, Гостивар, Воска СПорт, Работнички, и тетовска Шкендија.

Дервиши е поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен во Тирана, продолжувајќи со одличните настапи на меѓународната сцена. Рељиќ турнирот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!