Турнири

Меморијален турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“ со 250.000 денари за победникот – Дебреште повторно во фокусот на малиот фудбал

Сподели
Сподели



Во село Дебреште ова лето по трет пат ќе се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој и оваа година носи силни емоции, голем спортски ривалитет и богат награден фонд. Турнирот е посветен на споменот на Алмир Ибески – Алмо, пријател, брат и соиграч, чиј дух и понатаму ги обединува љубителите на фудбалот.

Големата спортска манифестација започнува на 20 јули 2026 година, а пријавувањето трае до 17 јули, додека ждрепката е закажана за 18 јули во 20:00 часот. Котизацијата изнесува 8.000 денари по екипа, а ќе учествуваат вкупно 32 екипи кои ќе се борат за награден фонд од 500.000 денари.

Особено внимание привлекува наградата за првото место која изнесува 250.000 денари, додека второпласираниот тим ќе добие 150.000 денари, а третото место 80.000 денари. Ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч (6.000 денари) и најдобар голман (4.000 денари).

Организаторите најавуваат професионално судење и бод-систем кој ќе гарантира фер и квалитетни натпревари, а пријавувањето ќе биде валидно по уплата на сметка или преку одговорните лица од организацијата.

Посебно значајно е што и оваа година Спортска Мрежа е официјален медиумски покровител на турнирот, со што ќе обезбеди целосна медиумска покриеност, извештаи и промоција на сите натпревари и најважни моменти.

Турнирот „Алмир Ибески – Алмо“ и ова лето ветува врвен фудбал, силни емоции и незаборавна атмосфера, со порака дека споменот живее преку спортот: заедно во спомен, заедно за победа!



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!