Ракомет

Македонскиот репрезентативец Мартин Ивановски се враќа дома – ново засилување за ГРК Охрид

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а седмо официјално засилување на клубот е македонскиот репрезентативец Мартин Ивановски, кој се враќа во својот матичен клуб.

Охриѓанецот, кој настапува на позицијата среден бек, потпиша договор со ГРК Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на соработката и за сезоната 2027/2028. Дваесет и петгодишниот ракометар, висок 182 сантиметри, во новата сезона ќе го носи дресот со број 34.

Ивановски ги направи своите први ракометни чекори токму во Охрид, а покрај настапите за матичниот клуб, зад себе има успешни настапи и во дресот на РК Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2. Добрите партии во клупската конкуренција му обезбедија место и во македонската сениорска репрезентација.

Со враќањето на Ивановски, ГРК Охрид добива дополнителен квалитет во организацијата на играта, но и ракометар кој добро ја познава средината и амбициите на клубот.

„Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб во родниот град од кој потекнувам и каде што ги имав првите чекори. Охрид е амбициозен клуб кој од година во година оди само во нагорна линија и резултатите го покажуваат тоа и освојувањето на европскиот куп мислам дека е само почеток на оваа приказна.

Се надевам дека заедно ќе успееме да го издигнеме клубот на едно уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу титули и успеси.“ – изјави Мартин Ивановски.

Враќањето на Ивановски претставува уште еден јасен сигнал за високите амбиции на ГРК Охрид, кој и во наредната сезона ќе атакува на врвот на македонскиот ракомет и на успешни настапи на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!