Втора лигаФудбал

ФК Беласица ги претстави Димитриевски и Варошановски како нови засилувања

Сподели
Сподели

Второлигашот Беласица продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Струмичани денеска ги претставија Димитриј Димитриевски и Лука Варошановски како нови фудбалери на тимот.

Димитриевски пристигнува од редовите на Охрид Лихнидос и важи за универзален офанзивен фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во средниот ред и нападот. Од клубот очекуваат неговото искуство и квалитет да донесат дополнителна креативност и свежина во играта на Беласица.

Другото ново име во тимот е и Лука Варошановски, кој доаѓа од Кожуф. Станува збор за млад и перспективен фудбалер кој настапува во средниот ред, а по потреба може да игра и како централен дефанзивец. Варошановски е и репрезентативец на Македонија до 19 години, што дополнително говори за неговиот потенцијал.

Со овие две засилувања Беласица продолжува да го комплетира ростерот, со јасна цел да биде конкурентна во новата сезона и да оствари што подобри резултати во Втората македонска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!