Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските младинци со силна завршница до победа над Бугарија во Стара Загора

Сподели
ФОТО: КФM
Сподели

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години продолжува со позитивни резултати во подготвителниот период. Нашите младинци ја забележаа и првата гостинска победа, откако во Стара Загора беа подобри од Бугарија со 95:86, во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции.

Избраниците на селекторот Никола Велев имаа одличен почеток на средбата и уште во првата четвртина покажаа дека се подготвени за силен предизвик. Со агресивна игра во одбраната и ефикасност во нападот, Македонија по првите десет минути имаше предност од 27:18.

Бугарската селекција одговори во вториот период и успеа да ја намали разликата, а потоа и да го преземе водството. На полувремето домаќинот замина со минимална предност од 48:47.

Слична беше сликата и во третата четвртина, во која Бугарија го продолжи налетот и поведе со 63:57, а последниот период го дочека со водство од 69:63.

Но, во последните десет минути следуваше најдобрата игра на македонските младинци. Со одличен ритам во нападот и цврста одбрана, нашиот тим целосно го презеде текот на натпреварот. Македонија во оваа четвртина постигна 32 поени, а прими само 17, што беше клучно за конечниот пресврт и победата од 95:86.

Ова беше втор триумф за селекцијата до 20 години во подготовките, по оној против Босна и Херцеговина во Скопје.

Петмина македонски кошаркари имаа двоцифрен учинок. Сергеј Младеновски беше најдобар стрелец со 17 поени, а додаде и по четири скока и асистенции. Лука Марјановиќ и Коста Ќириловски постигнаа по 16 поени, додека Марко Луканоски и Даниел Бутемер завршија со по 10.

Двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар во Стара Загора, според планираното, утре од 12 часот по локално време. Потоа македонските младинци се враќаат во Скопје, продолжувајќи ги подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата Б во Братислава.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!