Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

Сподели
ФОТО: РК Бутел Скопје
Сподели

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило Бојан Спасовски.

Спасовски стави потпис на нов двегодишен договор, со што ќе остане во Бутел Скопје најмалку до летото 2028 година.

По три сезони минати во тимот на Аеродром, во периодот кога клубот настапуваше во Првата лига, тој во 2020 година се врати во матичниот клуб.

„Еден од ракометарите со најдолг стаж во Бутел Скопје, Бојан Спасовски, ја продолжи соработката со клубот. Десното крило потпиша нов договор на две сезони и ќе остане во нашиот клуб најмалку до летото 2028 година“, соопштија од Бутел Скопје.

Минатата сезона Бутел Скопје го заврши шампионатот на петтото место во плеј-офот од Супер лигата, а во новата натпреварувачка година клубот влегува со нова енергија и со Стојанче Стоилов на тренерската позиција.

Досега, раководството на Бутел Скопје ги потврди и ангажманите на голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски, со што јасно ги најави амбициите за претстојната сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“, кој ќе го има своето четврто издание, со богата спортска програма...

Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а во истата ќе се натпреваруваат 14 екипи. Познати се сите екипи,...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Салата „Млаз“ во Богданци има нов режим на влез – ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Младост в сабота го игра првиот домашен меч во Супер лигата против...

Ракомет

Вардар се врати во елитата со храбра битка, но Мелсунген ги освои бодовите

Вардар не успеа со позитивен резултат да го одбележи враќањето во Лигата...

Ракомет

ЖРК Астибо врши уписи – мали ракометарки, големи соништа: Дојди да ја фрлиме првата топка заедно

Женскиот ракомет во Штип добива нова можност за развој и создавање на...

Ракомет

Три причини зошто во сабота треба да бидете во салата „Млаз“ во Богданци

Младост се врати во Суперлигата, а по ремито 30:30 против Бутел во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!