Прва лигаФудбал

Христијан Димов ја продолжи соработката со прволигашот Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ја продолжи соработката со Христијан Димов и за следната натпреварувачка сезона.

26-годишниот Димов има голема верност кон тимот од Арачиново, тој е дел од Шкендија Арачиново уште кога тимот беше во Трета лига – Север, тој е дел од две златни генерации. Првата, која избори влез во Трета лига – Север во Втора лига, како и дел од втората златна генерација која избори влез од Втора во Прва лига и со тоа Димов стана дел од историјата на Шкендија Арачиново.

„Нашиот клуб со задоволство објавува дека фудбалерот Христијан Димов ќе биде дел од нас и во новата сезона. Димов несомнено е еден од најзаслужните луѓе за нашиот пат и успеси. Тој му остана верен на клубот и во најтешките денови, давајќи извонреден придонес уште од Третата лига па сè до врвот каде што се наоѓаме денес. Неговата верност, професионалност и карактер го прават пример што треба да се следи и важен столб на нашиот проект“, велат од Шкендија Арачиново.

Димов во својата кариера покрај за Шкендија Арачиново настапуваше за Куманово, Скопје, Каменица Саса, Вардар, Работнички, а интернационална кариера градеше во Интер Запресиќ од Хрватска.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!