ФудбалФутсал

Димитар Јанев ќе го носи дресот на шампионот КМФ Проект и во новата сезона

Сподели
Сподели



Актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, КМФ Проект, продолжува со формирањето на тимот за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Димитар Јанев останува во шампионскиот состав и следната сезона, кој важи за еден од играчите кои во изминатите години израсна во важен дел од Проект.

Јанев веќе пет сезони го носи зелено-црниот дрес и е еден од играчите кои заедно со клубот го минуваа патот до врвот на македонскиот футсал. Од млад и перспективен играч, тој прерасна во еден од носителите на играта на КМФ Проект.

Од клубот со задоволство ја потврдија продолжената соработка со футсалерот.

„Од млад талент до носител на играта! Шизик останува верен на КМФ Проект! Кога Димитар Јанев пристигна во КМФ Проект беше момче со голем потенцијал и желба за докажување. Денес, по пет сезони во зелено-црниот дрес, тој е изграден, зрел и искусен играч кој има значајна улога и е еден од носителите во нашиот тим. Заедно поминавме низ многу предизвици, натпревари и успеси, а Димитар растеше паралелно со клубот, покажувајќи посветеност, карактер и континуиран напредок од сезона во сезона. Иако зад себе веќе има сериозно искуство, веруваме дека неговите најдобри партии допрва доаѓаат. Со талентот, работната етика и амбицијата што ги поседува, најдоброто од Шизик сè уште е пред нас. Со големо задоволство објавуваме дека и во сезоната 2026/27 ќе продолжиме да ја градиме оваа приказна заедно. Пет сезони заедно. Најдоброто допрва следува“, велат од КМФ Проект.

Минатата сезона беше историска за тимот од Јосифово. Проект ја освои шампионската титула во Првата футсал лига без ниту еден пораз и без ниту едно реми, а по вторпат се искачи на футсал тронот во Македонија. Покрај тоа, клубот за првпат во својата историја го освои и Купот на Македонија, комплетирајќи двојна круна.

Во пресрет на новите предизвици и квалификациите за Лигата на шампионите, раководството на клубот веќе ја потврди соработката со неколку клучни играчи. Претходно договорите беа продолжени со искусниот Мартин Тодоровски, најдобриот стрелец Марио Благојевски и голманот Антонио Петровски.

Со задржувањето на костурот на шампионскиот тим, КМФ Проект јасно покажува дека и во новата сезона ќе има највисоки амбиции – одбрана на двојната круна и достојно претставување на Македонија на европската сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!