Останати репрезентацииОстанатоРепрезентација

Лина Ѓорческа испушти меч-топка и остана без второ коло на турнирот во Загреб

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ИТФ фјучрс турнирот во Загреб, откако по голема борба беше поразена од Екатерина Казинова со 2-1 во сетови (1:6, 7:5, 6:4). Мечот траеше два часа и 26 минути.

Ѓорческа одлично го отвори дуелот и целосно доминираше во првиот сет, кој го доби со убедливи 6:1, поведувајќи претходно и со 5:0 во гемови.

Македонската тенисерка беше на чекор до победа и во вториот сет. При водство од 5:3 во гемови таа имаше меч-топка, но Казинова успеа да се спаси и со серија добри поени да го сврти текот на сетот, кој го доби со 7:5.

Во решавачкиот трет сет се водеше израмнета борба. Резултатот беше изедначен на 2:2 и 4:4, но во завршницата руската тенисерка успеа да направи клучен исчекор и да ја искористи третата меч-топка за конечни 6:4 и пласман во следната рунда.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Конче инвестира во спортот: Започна изградбата на нова соблекувална на фудбалскиот терен

На фудбалскиот терен во општина Конче започнаа активностите за изградба на нова соблекувална, со која спортистите од општината ќе добијат подобри и посовремени...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ поведе постапки против Башкими и Муарем Муарем, изречени суспензии за шестмина фудбалери и тренери

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за поведување дисциплински постапки против ФК Башкими и две официјални лица, како и за изрекување дисциплински казни...

Поврзани написи
Останато

Младинските турнири ја отворија новата сезона на домашната сцена

Со првите турнири во машка и женска младинска конкуренција стартуваше новата одбојкарска...

Останато

Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!