Прва лигаФудбал

ПМФЛ стартува на 25 јули: Следува сезона со 36 кола и нов четирикружен систем

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне порано од вообичаеното, откако Фудбалската федерација на Македонија потврди дека шампионатот за сезоната 2026/2027 ќе стартува на 25 јули.

Причината за пораното отворање на сезоната е воведувањето на нов систем на натпреварување. Во елитното друштво ќе настапуваат десет екипи, а првенството ќе се игра според четирикружен систем, што значи дека секој клуб ќе се сретне четири пати со своите ривали. Со тоа бројот на натпревари се зголемува, а шампионатот ќе брои вкупно 36 кола.

На денешната прес-конференција претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, говореше за реформите во македонскиот фудбал, организацијата на првенството и новиот формат на натпреварување.

„Имавме тешко првенство бидејќи ова беше година на реформи намалување на двете лиги. За жал испаднаа клубови со традиција меѓутоа тука не ја гледам вината воопшто на федерацијата треба да си ја побараат вината во своите редови, бидејќи тие клубови не мислам дека нека беа оштетени со судиска грешка или неправда. Организациски одлично. Сега почнува нов систем на натпревари каде ќе се игра со четирикружен систем, затоа денеска објавивме и дека порано почнува првенство бидејќи имаме 36 кола, а во минатото имавме 33. Кога ќе ги додаде и репрезентативните паузи имаме навистина комплексно првенство што треба да се организира. Сите реформи се спроведоа на време во рекорден рок, имплементација на ВАР, промоција на нови судии има доста нови имиња судиски што судеа. Мислам дека квалитетот на натпреварите беше на едно повисоко ниво од минатото првенство“, рече Омерагиќ.

Во новата сезона за бодови во Првата лига ќе се борат Вардар, Шкендија, Струга, Силекс, Тиквеш, Брегалница, Арсими, Башкими, Шкендија Арачиново и Скопје.

Со новиот формат, повеќе натпревари и засилена конкуренција, љубителите на македонскиот фудбал можат да очекуваат една од најинтересните сезони во последните години, во која секој бод би можел да има големо значење во битката за титулата, европските места и опстанокот во елитното друштво.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!