Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го одреди списокот на играчи за дуелите со Холандија и Луксембург

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Селекторот Јошко Миленкоски го одреди списокот од 14 одбојкари на кои ќе смета за натпреварите против Холандија и Луксембург на првиот турнир од годинешното издание на Европската лига 2026.

По повредата на Александар Љафтов, стручниот штаб беше принуден да направи одредени корекции во составот и да ги разгледа сите расположливи опции.

На последниот пресек пред стартот на турнирот, надвор од конкуренција остана младиот техничар Лука Ристоски, кој натпреварите ќе ги следи од трибините. Од друга страна, Ване Арапов останува дел од репрезентацијата, но наместо на позицијата либеро, ќе биде во комбинација како примач.

 

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра вечерва, со почеток од 19 часот, во салата „Парк“ во Струмица.

Влезот е 100 денари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло од Лигата на шампионите, а полскиот тим ќе се обиде повторно...

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!