Младински фудбалФудбал

Младинците на АП Брера ја комплетираа двојната круна со освојување на купот на Македонија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младинците на АП Брера го освоија Купот на Македонија, откако во финалето по подобро изведување на пенали ја совладаа екипата на Шкупи. Со овој успех, струмичани ја комплетираа двојната круна сезонава, откако претходно ја освоија и шампионската титула во првенството.

Финалниот натпревар понуди голема борба и неизвесност до самиот крај. Шкупи поведе уште во втората минута преку Судејс Чајани, кој беше прецизен од белата точка за водство од 1:0.

АП Брера успеа да се врати во игра во 40. минута, кога Матеј Сејменов ја затресе мрежата на противникот и израмни на 1:1.

Во второто полувреме иницијативата беше на страната на струмичани. Тие создадоа повеќе можности, а најдобрата не ја искористи Игор Ристов, кој излезе сам пред голманот Сефер Муслиу, но ја погоди стативата.

Сепак, во 75. минута АП Брера стигна до пресврт. Марио Митрев погоди за 2:1 и донесе голема радост кај својот тим. Но, предноста траеше само три минути, бидејќи Нејази Нухија успеа да го совлада Александар Трајков и да израмни на 2:2.

До крајот на регуларниот дел немаше нови голови, па победникот беше решен по изведување на удари од 11 метри.

Во пенал-серијата блескаа двајцата голмани. Александар Трајков одбрани два удари на фудбалерите на Шкупи, додека на спротивната страна Сефер Муслиу исто така забележа две успешни интервенции.

Во решавачките моменти, Трајков повторно беше на висина на задачата и го запре ударот на Нухија, а потоа Бојан Велков беше сигурен од белата точка за големо славје на АП Брера и освојување на куп-трофејот.

Медалите на финалистите и победничкиот пехар им ги врачи претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!