Ракомет

„Ќе го дадеме максимумот за овој град и за овој клуб!“ – Пилиповиќ верува во европска титула

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

ГРК Охрид в недела ќе го игра најважниот натпревар во својата историја. По победата од 29-28 на гостувањето во Унгарија, охриѓани ќе ја пречекаат МОЛ Татабања во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, со можност пред своите навивачи да стигнат до европскиот трофеј.

На денешната прес- конференција, голманот Кристијан Пилиповиќ изјави дека најважно за неговиот тим ќе биде да остане максимално фокусиран и дисциплиниран во текот на сите 60 минути. Според него, атмосферата во преполната сала може да биде голем адут за Охрид, но истовремено и дополнителна обврска играчите да одговорат на очекувањата на навивачите кои со месеци живеат за овој натпревар.

„Мислам дека мораме да бидеме сконцентрирани на нашите задачи, а и максимално фокусирани. Оваа сала и оваа публика треба да го добијат тоа што го заслужуваат. Еве, зборувајќи.. веќе се наежив. Таа поддршка ние треба да ја искористиме на вистински начин и да не изгориме во желбата. Сите едвај ја чекаме оваа средба. Јас верувам во нова победа. Ќе го дадеме максимумот за овој град и за овој клуб“, изјави Пилиповиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Во „Билјанини извори“ нема да има празно место, а целиот град е подготвен за ракометен празник. Останува уште последниот чекор – заедно со навивачите, ракометарите на Охрид да се обидат да испишат историја и да го донесат европскиот пехар во Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!