Ракомет

Градоначалникот Пецаков на средба со потпретседателот на ЕХФ: Пофалби за проектот на ГРК Охрид

Сподели
Сподели

Охрид е во исчекување на големото финале од ЕХФ Европскиот куп против Татабања, а интересот за натпреварот е огромен. Салата „Билјанини Извори“ беше распродадена за рекордно кратко време, што е уште една потврда за ракометната еуфорија која владее во градот.

Во пресрет на историскиот дуел, градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација, Предраг Бошковиќ. На состанокот се разговараше за актуелните случувања во европскиот ракомет, како и за значењето на финалниот натпревар што го очекува охридскиот тим.

Посебен акцент бил ставен на развојот на ракометот во Охрид и на визијата што градот и ГРК Охрид ја имаат за иднината. Притоа биле разгледани и можностите за понатамошен напредок и афирмација на клубот на меѓународната сцена.

Бошковиќ упатил честитки за досегашните резултати и за проектот што успешно се гради во Охрид, оценувајќи ги позитивно достигнувањата на клубот како на домашен, така и на европски план.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!