Ракомет

„Црвено-црните“ повторно на тронот: Вардар со победа и пехар ја затвори сезоната

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Шампионот на Македонија, РК Вардар, со победа ја затвори сезоната во Супер Лигата, откако во последното коло славеше против РК Бутел Скопје со 36-34. Иако „црвено-црните“ веќе ја имаа обезбедено титулата, гостите одиграа храбар натпревар и долго време беа рамноправен ривал во „Јане Сандански“.

Средбата првично требаше да се одигра на теренот на Бутел, но скопскиот тим му излезе во пресрет на Вардар, кој сакаше токму пред својата публика да ги подигне шампионскиот пехар и медалите. Така, по крајот на мечот следуваше и свеченото доделување на трофејот, кој по 17. пат ќе ги краси витрините на најтрофејниот македонски клуб.

Бутел имаше одлично прво полувреме и на паузата замина со предност од 19-17, а и во продолжението знаеше да го одржува водството. Најголем дел од натпреварот гостите беа чекор пред фаворитот, кој тешко успеваше да најде ритам и вистинска мотивација во последниот сезонски дуел.

Сепак, искуството и поширокиот ростер на Вардар дојдоа до израз во финишот. Во последните петнаесетина минути домашните уфрлија во повисока брзина и од негатива од 29-30 направија серија за пресврт и водство од 32-30, а потоа и 34-31, со што практично го решија победникот на шест минути пред крајот.

За „црвено-црните“ ова беше 30. победа сезонава во шампионатот, со вкупно освоени 60 бода и дури 1057 постигнати голови.

Натпреварот имаше и емотивен карактер, бидејќи последен пат во дресот на Вардар настапија Мигуел Пинто, Харуки Кавада, Марек Марчинијак, Марио Танкоски и Николас Боно. Од клубот заминуваат и Кристијан Стаменковиќ, Мигуел Еспиња и Дмитро Горига, иако не беа дел од составот за овој меч.

Најефикасни кај Вардар беа Урош Митровиќ и Харуки Кавада со по шест погодоци, додека кај Бутел се истакнаа Дејан Михајловиќ и Тодор Узунчев со по осум гола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!