Ракомет

Македонија дел од нова регионална ракометна приказна: Потпишан договор за формирање регионални лиги

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Во Подгорица денеска беше направен значаен чекор за иднината на ракометот во регионот, откако беше потпишан Договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција.

Договорот го потпишаа ракометните федерации на Македонија, Србија и Црна Гора, со што официјално беше потврдена заедничката определба за подигнување на квалитетот на натпреварувањата, развојот на младите ракометари и создавање подобар ракометен амбиент во Југоисточна Европа.

Според најавите, регионалната машка лига ќе брои десет клубови, од кои четири ќе бидат од Македонија, четири од Србија и два од Црна Гора. Во женска конкуренција, пак, ќе учествуваат десет екипи од пет држави – Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, со по два клуба од секоја земја.

Целта на проектот е создавање поконкурентен систем кој ќе донесе повеќе квалитетни натпревари, подобри услови за напредок на младите играчи и тренери, како и поголема медиумска и комерцијална вредност на ракометот во регионот.

Посебно значење на оваа иницијатива ѝ дава фактот што проектот е резултат на заедничка соработка меѓу федерациите и клубовите, базирана на партнерство, доверба и заедничка визија за иднината на регионалниот ракомет.

Потписниците на договорот изразија уверување дека новите регионални лиги уште од првите сезони ќе донесат дополнителна атрактивност за навивачите, поголем интерес кај спонзорите и нов импулс за развој на ракометот во сите земји учеснички.

Во следниот период ќе биде формирана заедничка канцеларија на лигите, по што ќе бидат дефинирани организациските и натпреварувачките модели, како и календарот за старт на новото регионално натпреварување.

Со денешното потпишување започнува ново и амбициозно поглавје во регионалниот ракомет, со јасна цел – создавање модерна, стабилна и квалитетна лига која ќе биде гордост за целиот регион и европскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!