Борец на денешниот меч од 14. коло на Втората лига гледа идеална шанса за триумф против Беласица, но колку таа шанса ќе биде искористена. Струмичани со млада екипа прикажуваат одличен фудбал и имаат одлични резултати.
Домашниот терен ќе биде предност за велешани, а пак струмичани ќе се потпираат на далеку подобрата форма, игра, но и состојба на табелата.
Натпреварот во Велес ќе го суди Христијан Божиновски од Скопје, а истиот ќе започне во 13 часот.
- ВО ЖИВО: БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА (ПРЕНОС ФФМ)