Прва лигаФудбал

Тиквеш игра за Божидар: Приходот од билетите со Пелистер оди за лекување

Сподели
Сподели

Натпреварот меѓу ГФК Тиквеш и Пелистер кој ќе се одигра во рамки на 32. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе има и силна хуманитарна порака. Кавадаречкиот клуб објави дека целиот приход од продадените билети ќе биде дониран за лекувањето на младиот Божидар.

Мечот ќе се игра во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 16 часот, а од клубот упатија повик до сите навивачи, симпатизери и хумани луѓе да се приклучат кон акцијата и преку своето присуство на трибините да помогнат таму каде што е најпотребно.

Божидар досега поминал низ дури 18 операции во битката за подобро здравје, но потребен е уште еден важен медицински зафат. Токму затоа, од Тиквеш сакаат фудбалот повторно да ја покаже својата хумана страна и да обедини што е можно повеќе луѓе.

Кавадарчани веќе го обезбедија опстанокот во прволигашкото друштво, но сега пред клубот и навивачите стои нов предизвик – заеднички да се помогне на Божидар.

„Да покажеме уште еднаш дека кога е најпотребно — сме заедно! Со една купена карта донирате и давате поддршка таму каде што е најпотребна“, порачаа од ГФК Тиквеш.

Во Кавадарци оваа сабота фудбалот ќе има многу поголемо значење од резултатот на теренот – градот ќе игра за Божидар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а македонскиот третолигашки фудбал ќе биде поделен во шест регионални групи, една...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година трагично почина Даниел Николовски, млад фудбалер кој својот живот го посвети...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

Трета лигаФудбал

Филип Лазаров нов голман на третолигашот БВК Коњаре

Третолигашот БВК Коњаре има нов голман – Филип Лазаров ќе го чува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!