Трета лигаФудбал

Победа Валандово или Овче Поле – каков е распоредот до баражот за Втора лига?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа AI
Сподели

Само во Трета лига – Исток се чека потврда на шампионот, а со тоа да се добие и последниот патник во баражот за Втора лига.

Двете екипи во трка за првото место во третолигашкото друштво на Истокот, Победа Валандово или Овче Поле, кој ќе биде шампион?

Само еден бод е разликата меѓу „калинкарите“ и „овчарите“, тимот од Валандово е прв со 38 бодови, а пак тимот од Свети Николе е втор со 37 бодови.



  • Што вели распоредот – кој тим има поголеми шанси да направи „кикс“?

20 коло

Овче Поле – Дојранско Езеро
Победа Валандово – Тиверија

21 коло

Хоризонт Турново – Овче Поле
Карбинци – Победа Валандово

22 коло

Овче Поле – Малеш
Победа Валандово – Брегалница Делчево



Според распоредот на три кола до крајот Овче Поле има најтежок предизвик на стадионот „Кукуш“ каде треба да се соочи со некогашниот вицешампион на Македонија, Хоризонт Турново. Тимот од Свети Николе не би требало да има проблем на домашен терен против Дојранско Езеро и Малеш каде ќе важи за голем фаворит за трите бодови.

Екипата на Победа Валандово ќе има можеби за нијанса потешки натпревари, на домашен терен не би требало да има проблем да се добие Тиверија, а ако се земе фактот што „калинкарите“ на првото соочување со струмичани во гости славеа убедливо, сега би требало да ги потврдат трите бодови со сигурна победа.



Следува едно незгодно гостување кај Карбинци, но овој тим не е на нивото од минатата сезона, но сепак важи за екипа која знае да ги добива натпреварите со фаворитите, па тоа ќе биде предизвик за „калинкарите“.

На домашен терен Победа Валандово ќе решава со Брегалница Делчево, меч кој доколку се добие ќе биде шампион и ќе игра бараж за влез во Втора лига, но тимот од Делчево се покажа незгоден и извлече бод со Хоризонт Турново, но кој натпревар Брегалница подоцна го загуби службено.

Можеби последното коло и нема да решава, ако Овче Поле направи „кикс“ во претпоследното коло кај Хоризонт Турново.

Ако двете екипи бидат перфектни до крај и ги освојат деветте бодови кои се во игра, тогаш Победа Валандово ќе биде шампион и ќе игра бараж за Втора лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!