ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска четврт судија на реваншот Барселона – Баерн Минхен во ЛШ

Сподели
Сподели

Македонското судење повторно доби големо признание на европска сцена, откако интернационалката Ивана Пројковска е дел од судискиот тим за реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите во женска конкуренција меѓу Барселона и Баерн Минхен.

Натпреварот ќе се одигра утре на стадионот „Камп Ноу“, а влогот е пласман во големото финале. Првиот меч одигран во Минхен заврши без победник (1:1), што најавува неизвесна и возбудлива пресметка.

Главен судија на натпреварот ќе биде Французинката Стефани Фрапар. Нејзини асистентки ќе бидат Камиј Соријано и Сихам Будина. Улогата на ВАР судија ќе ја има Вили Делаџод, додека асистент ВАР ќе биде Елиза Допо. Македонската интернационалка Ивана Пројковска е одредена за четврти судија.

Ова назначување претставува уште една потврда за квалитетот на македонските судии на меѓународната сцена, како и за довербата која УЕФА ја има во Пројковска за натпревари од највисок ранг.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!