Прва лигаФудбал

Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Шкендија, Марјан Стојановски на центарот во Ѓорче

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Денес со два натпревари се отвара 30. коло на Првата македонска фудбалска лига, а за истите натпревари делегирани се и судиите кои ќе треба да ја делат правдата.

Во Кратово се игра дерби меч меѓу Силекс и Шкендија, каде Игор Стојчевски ќе биде главен арбитар, а негови асистенти ќе бидат Филип Ицковски и Мартин Петковски, додека пак четврт судија ќе биде Александар Василевски.

ВАР судија ќе биде Бењамин Ќерими, а пак АВАР ќе биде Мартин Дејаноски. Оператор за повторување на снимката ќе биде Петар Мукоски

Делегат на овој меч ќе биде Горан Илиќ, а пак Бранко Манојлоски ќе биде контролор.

Во Ѓорче ќе се одигра мечот меѓу Шкупи и Македонија ЃП, а главен судија на овој натпревар ќе биде Марјан Стојановски, негови помошници ќе бидат Куштрим Лика и Идриз Идризи, а пак четврт судија е Александар Грујоски.

Во ВАР собата ќе бидат Јован Качевски и Вјолца Изеири, а пак Жарко Пејковски ќе биде оператор за повторување на снимката.

Делегат на средбата ќе биде Алберт Јакупи, а Тони Глигоров ќе биде контролор.

Двата натпревари стартуваат во ист термин од 16 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!