Турнири

Четири причини зошто да пријавите екипа на „Охрид Куп 2026“

Сподели
Сподели

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“ веќе привлекува голем интерес кај клубовите, а пријавувањето е во тек. Турнирот ќе се одржи од 18 до 21 јуни во Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“, и нуди одлична можност за младите фудбалери да се натпреваруваат, да стекнат искуство и да уживаат во вистинска спортска атмосфера.

Во продолжение ги издвојуваме четирите клучни причини зошто вашата екипа треба да биде дел од овој настан:

1. Секое дете добива медал
„Охрид Куп 2026“ е турнир создаден со многу љубов, каде секое дете се третира како победник. Без разлика на пласманот, секој учесник ќе добие медал, затоа што во прв план се дружбата, забавата и позитивното спортско искуство.



2. Бесплатна медиумска поддршка од „Спортска Мрежа“
Секоја екипа учесник ќе добие бесплатна медиумска поддршка од „Спортска Мрежа“ во текот на целата 2026 година. Тоа вклучува објави, изјави, интервјуа и видео содржини, со што клубовите добиваат дополнителна промоција и видливост.

3. Секое дете добива маичка
Секој учесник ќе биде дел од турнирското семејство и ќе добие маичка со логото на „Охрид Куп 2026“, како трајна спомена од едно незаборавно спортско доживување.



4. Сребрена лига – повеќе натпревари за сите
Екипите кои нема да обезбедат пласман во главната елиминациска фаза ќе продолжат со натпреварување во сребрена лига, што гарантира дополнителни натпревари, поголема минутажа и повеќе можности за напредок на младите играчи.

„Охрид Куп 2026“ не е само турнир – тоа е спортско искуство, дружење и развој за младите фудбалери, во еден од најубавите градови во регионот.

Пријавете ја вашата екипа на 070 223 521 (Јовче) и 078 646 698 (Александар).



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!