Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири ќе им суди на Истатов и Топ Гол, Марјан Дејаноски го доби дербито меѓу Љуботен и Саса

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за 21. коло на Првата женска фудбалска лига. Сите пет натпревари се играат утре (недела).

Ас Јунајтед во Струга ќе го пречека дебитантот Вардар, во меч каде домаќинот е фаворит. Бенарт Зеќири ќе биде главен судија, ќе му помагаат Осман Зеќири и Ангела Домазетовска. Медо Дивитров ќе биде контролор. Средбата започнува во 16 часот.

Лидерот Скопје на домашен терен ќе има лесна задача против Речица, а Ангела Рајчевска ќе биде задолжен да ја дели правдата на оваа средба која се игра во Пржино. Помошници се Горан Милошевски и Снежана Илиевска, а контролор е Аце Миноски. Стартот на мечот е во 16 часот.

Во Струмица фаворитот Тиверија Брера ќе го пречека тимот на Кочани, Виолета Јанчева ќе биде главен арбитар, а асистенти ќе бидат Кирил Манчев и Петар Манчев, а контролор ќе биде Васил Аџиев. Натпреварот започнува во 12:30 часот.



Вјолца Изеири ќе им суди на Истатов и Топ Гол во Пржино, прв помошен судија ќе биде Цветанка Савеска, а втор Радмила Неркова. Контролор ќе биде Петре Илиоски, а почетокот на мечот е во 12:30 часот.

Дербито во Тетово меѓу Љуботен и Каменица Саса го доби Марјан Дејаноски, а ќе му помагаат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ. Марјан Кировски ќе биде контролор, а стартот е во 12 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!