Останато

КУП-ШАМПИОНОТ НЕ ЗАПИРА: Штип УГД го „прегази“ Работнички за 1-0 во серијата!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Штип УГД кој направи „хет-трик“ во Купот на Македонија сега ја започнува новата емисија за освојување на шампионската титула и со тоа да испише нова клупска историја.

Вечерва штипјани во „Јордан Мијалков“ со 3-1 во сетови го добија Работнички и преку убедлива игра поведуваат со 1-0 во полуфиналната серија.

Првиот сет го доби скопскиот тим со 22:25, но тоа го налути освојувачот на Купот во последните три сезони, па затоа го „прегази“ на брзина во следните три сета.

Тимот на Кристиан Ристески играше како по ноти па го доби вториот сет со 25:10 за 1-1 во сетови, а додека се созема Работнички, Штип УГД во третиот сет беше перфектен со 25:14 за 2-1 во сетови, а во четвртиот сет штипјани беа перфектни со 25:12 за конечни 3-1 во сетови.



Веќе викендот се игра вториот меч полуфиналната серија, но сега на теренот на Работнички во Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Македонија потклекна во завршницата – Кипар славеше и покрај одличната партија на Димитријевиќ!

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за пласман на Европското првенство во 2029 година, откако во салата „Лазар...

Втора лигаФудбал

Влатко Илиоски ќе им суди на Осогово и Охрид, Крумислав Ѓоргиев главен во Радовиш, Качевски оди во Тетово

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за сите седум натпревари од 13. коло на Втората македонска фудбалска лига. Целото коло е...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Шаховска сензација во Македонска Каменица: Четири деца од семејството Бурнс станаа државни шампиони!

Несекојдневен успех на првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах за...

Останато

Дванаесетгодишната Девран Куртис од Охрид блесна на Зимското национално првенство – две злата и пет бронзи во Куманово!

Младата охридска пливачка Девран Куртис, која има само 12 години, оствари одлични...

Останато

Делчево ќе добие современа спортска сала – Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција...

Останато

Убедлива победа за одбојкарките на Струмица над Универзитет во Тетово

Поранешниот шампион на Македонија, Струмица, забележа убедлива победа од 3:0 во сетови...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!