Прва лигаФудбал

Дијако: Нема алиби, ќе се бориме до последен меч за шампионската титула!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум по болната елиминација на пенали од Шкендија во четвртфиналето на Купот, се фокусира на првенството и се враќа во акција во 24. коло од домашната фудбалска елита, гостувајќи му на Пелистер во Битола.

Стружани немаат пораз на гостување во Битола, а последниот натпревар заврши со реми 1-1, при што единствениот гол за Струга ТЛ го постигна Арби Воша.

„Екипата е целосно фокусирана на денешниот натпревар, го оставивме за себе куп-натпреварот против Шкендија. И покрај тоа што немавме добар старт во пролетниот дел, можам да кажам дека како тим ќе се бориме до последниот меч во трката за шампионската титула“, изјави дефанзивниот играч за врска, Ласана Дијако.

Девет натпревари по ред Струга Трим Лум не знае за пораз против Пелистер.

„Бројките и традицијата немаат никаква вредност за мене. Сè ќе зависи од нашиот фокус на натпреварот. Мора да бидеме подготвени, решителни и да одиме кон нова победа, без да се оптоваруваме со минатото“, истакна Дијако.

Натпреварот меѓу Пелистер и Струга Трим Лум е закажан за денеска, со почеток од 14:30 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!