Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол сега е „фенерџија“, Кочани во најлоша ситуација би имал бараж за опстанок во ПЖФЛ!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Битката за опстанок во Првата женска фудбалска лига продолжува меѓу Топ Гол и Кочани, со тоа што сега има промена на дното. Како што веќе објави Спортска Мрежа, откако тимот на Кочани загуби во Битола од Топ Гол со 2:1 во рамки на 18. коло, гостинот поднесе жалба која беше прифатена и мечот го доби со службени 0:3.

Тоа направи да Кочани избие на претпоследното место кое води кон баражот за опстанок со седум бодови, а пак Топ Гол е на дното со четири бодови.

Пред почетокот на третиот круг Кочани ќе треба да го добие Топ Гол и во такви околности речиси и сигурно ќе игра бараж, а притоа доколку успеа да ја добие Речица, но да „откачи“ бодови и од фаворитите тогаш повратникот во елитата би можел и до директен опстанок, но тоа ќе биде потешко.

За Топ Гол покрај триумф над Кочани во трениот круг ќе треба да собира бодови и од искусните екипи, но тимот од Битола нема капацитет за тоа, па на тој начин Топ Гол е најзрен кандидат да биде последен и да испадне во Втора лига, откако пред две сезони во Велес играше бараж за опстанок, кога убедливо го доби Вардар, кој тогаш беше второлигаш.



Но, по две сезони околностите се променија – Топ Гол мака мачи да ја спаси сезоната, а Вардар како дебитнатот во Прва лига е сигурен на седмата позиција со 14 бодови и сигурен опстанок во елитата.

Комбинации има многу и изненадувачки резултати имало и ќе има, а ќе видиме на крај кој ќе испадне, кој ќе игра бараж и дали ќе се спаси.



  • ЦЕЛА ТАБЕЛА НА ПЖФЛ:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК СКОПЈЕ 2014 18 17 0 1 49 6 +43 51
2 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 18 12 0 6 38 21 +17 36
3 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 18 11 2 5 48 23 +25 35
4 ЖФК ЉУБОТЕН (-9) 18 14 1 3 75 12 +63 34
5 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 18 11 0 7 51 18 +33 33
6 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 18 9 3 6 38 23 +15 30
7 ЖФК Вардар 2023 18 4 2 12 12 66 -54 14
8 ЖФК РЕЧИЦА 18 3 2 13 20 61 -41 11
9 ЖФК КОЧАНИ 18 2 1 15 13 79 -66 7
10 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 18 1 1 16 12 47 -35 4



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Брегалница Делчево со интензивни подготовки за дербито со Овче Поле

Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!