Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од Јосифиво го доби во еден „потег“ триумфирајќи со 7:2.
Мечот од 13. коло ма Првата футсал лига беше само еден тренинг за Проект. Давид Ристовски беше двоен стрелец, а пак по еден гол постигнаа Ѓорги Коцески, Марио Благојевкси, Никола Анчевски и Димитар Јанев. За гостинот од Штип Давид Тошев и Теодор Наков беа стрелци, а пак Андреј Трајков си постигна автогол.
Трите бодови останаа во Кавадарци откако вечерва во „Јасмин“ тимот на Клими со 9:4 го доби дебитантот Балкан.
Во големата победа тројца фудбалери се запишаа со по два гола – Горан Коцевски, Зоран Тасески и Филип Грујоски, а пак по еден гол постигнаа Андреј Коцевски, Мартин Никовиќ и Марјан Манев.
За тимот од Скопје двоен стрелец беше Пајтим Реџепи, а по еден гол постигнаа Џељал Мјаку и Ерол Далип.
Колото се затвара утре со мечот меѓу Бутел и Кеги Моби, кој се игра со почеток од 20:30 часот.