Трета лигаФудбал

Гостинска победа за Питу Гули, Ултарс со „петарда“ за Росоман, сигурна победа за Борец

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Само една гостинска победа во 16. коло на Трета лига – Југ, откако тимот на Питу Гули од Крушево со 0:1 славеше над Млекар со голот на Соте Андреески постигна во 73. минута.

Лидерот Борец стигна до нов триумф откако на домашен терен со 2:0 славеше над Тополка со двата гола на Илхан Имеров.

Венец со лото победа над Влазними Јуниор, откако во Долни Дисан беа постигнати седум погодоци (7:0). Двојни стрелци беа Кирил Неделков и Петар Ристовски, а по еден гол постигнаа Мартин Цветков, Дарио Шишков и Димитар Делов.

Башкими од Јаболчиште на теренот во Чашка со 4:0 го декласираше Бучин, а двојни стрелци беа Елфати Тахири и Кадир Арифов, сите погоди беа постигнати во првиот дел.

Ултрас го декласираше поранешниот второлигаш Росоман, откако на домашен терен со убедливи 5:0. Резултатот го отвори Христијан Баракоски во 14. минута, а во првиот дел двапати погоди Бобан Тошески за 3:0 на полувреме. Во вториот дел по еден гол постигнаа Миодраг Тасески и Филип Димоски.



Во оваа рунда слободни беа екипите на Превалец и Младост од Кривогаштани.

На врвот е некогашниот прволигаш Борец од Велес со 40 бодови, втор е Превалец со 34 бодови, но со меч помалку, а пак Утралс е трет со 31 бод.



Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Скопје ја доби Саса, сигурни и убедливи победи Тиверија Брера и Љуботен

Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над Каменица Саса и чекори сигурно кон освојување на титулата во Првата...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!