Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 13. коло во Трета лига – Исток.
Дербито на колото се игра во Пирава каде се очекува голем број на публика да го следи соочувањето на Ударник и непоразениот лидер Победа од Валандово.
Дербито на Југот ќе го суди Димитар Пилешков, искусен прволигашки судија, а негови помошници ќе бидат Ристо Ѓорѓиев и Александар Гигов.
Делегат на средбата која почнува во 14 часот ќе биде Наум Мицев, а пак контролор ќе биде Златко Зафиров.
Мечот во Дојран меѓу Дојранско Езеро и Малеш ќе го суди Блаже Јанев, а ќе му помагаат Александар Митев и Панче Пецев. Делегат ќе биде Ристо Крстов, а контролор Алекса Горбашлиев.
Тодор Апостолов ќе го суди натпреварот меѓу Карбинци и Овче Поле, а ќе му асистираат Петар Михаилов и Игорче Богатинов. Делегат ќе биде Кристијан Димитријев, а контролор Тони Манчев.