ФудбалФутсал

ВИДЕО: Петар Левков со шест гола го однесе Кеги Моби во полуфиналето на Купот

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Кеги Моби е последниот патник во полуфиналето во футсал Купот на Македонија, откако вечерва со 6:8 славеше над Бутел во гости и се пласираше меѓу четирите најдобри.

Натпреварот понуди многу погодоци, а херој беше Петар Левков, кој со шест погодоци успеа сам да го победи противникот и да го однесе велешкиот тим во полуфиналето.

На полувреме резултатот беше 2:4, а таа предност од два погодоци беше и пресудна во вториот дел. За домашниот тим двапати погодиц Владимир Трендафиловиќ, а по една погодија Никола Илијоски, Никола Угриноски и Петар Лазоски, а пак Трајче Трајков од Кеги Моби си постигна автогол.



За гостинот од Велес покрај Левков кој постигна шест гола, по еден гол постигнаа Александар Михајлов и Марио Панев.

Во полуфиналето вчера се пласираа Проект, Јувентус Серава и Клими, а сега им се приклучи Кеги Моби. Меѓу овие екипи ќе се води полуфинална борба за влез во големото финале.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!