Спортската инфраструктура во Крива Паланка доби значајно унапредување, откако денес официјално беа пуштени во употреба новите трибини на Градскиот стадион со вкупен капацитет од 1050 седишта.
Со оваа инвестиција, спортскиот комплекс во Крива Паланка дополнително се профилира како модерен простор за спорт, рекреација и здрав начин на живот, наменет за сите генерации и за организирање на бројни спортски настани.
Нарачувач на проектот е Општина Крива Паланка, додека изведувач на работите е компанијата ДГПТУ Дине Трејд ДОО. Надзорот и техничкиот преглед на изградбата ги изврши МГ Проект ДООЕЛ Скопје.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 3.402.810 денари со вклучен ДДВ, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт.
Од Општина Крива Паланка истакнуваат дека со вакви проекти продолжуваат да инвестираат во развојот на спортската инфраструктура, со цел подобри услови за спортистите и поголемо уживање за љубителите на спортот.
„Во секој град постојат места каде што се раѓаат соништата. Во Крива Паланка отсекогаш тоа бил фудбалскиот терен. Денес, спортскиот комплекс во Крива Паланка добива нова енергија со новоизградени трибини. Трибини создадени за нови аплаузи, за навивање и за нови спортски успеси и јасна намера – да го вратиме големиот фудбал во Крива Паланка, која повторно ќе живее за големиот фудбал“, рече градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Со новите трибини, Градскиот стадион е подготвен да ги пречека навивачите и да биде место за нови спортски возбудувања и незаборавни натпревари.


Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...
Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...
Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над...
Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...
Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...