Очекувано екипата на Шкендија Арачиново славеше над последнопласираниот Големо Коњари со резултат од 0:4 за комплетирање на 19. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Берат Имери кој е нов тренер на тимот од Арачиново имаше победничко деби, кој дојде на тренерската клупа како наследник на Љупчо Марковски – Калц.
Уште во првиот дел беа решени сите дилеми откако фаворитот од Арачиново на пауза заминаа со 0:3, благодарение на погодоците на Фикрет Љиварека кој во 6. минута го отвори резултатот, а потоа Дарио Десниќ во 23. минута зголеми на 0:2, а потоа стрелаше и Амир Нухија во 42. минута.
Во вториот дел конечните 0:4 ги постави Махир Ајрули во 42. минута со што Шкендија Арачиново се враќа на второто место со 42 бодови, еден помалку од лидерот Охрид. Скопје е трет со 41 бод, а пак Брегалница е четврта со 40 бодови.
Во следното коло Шкендија Арачиново ќе биде домаќин на Детонит Плачковица, а пак Големо Коњари ќе гостува во Кочани кај Осогово.