РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската фудбалска А репрезентација ја надигра Андора со убедливи 3:0 во Битола

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската фудбалска А репрезентација ја забележа првата победа во Ц Лигата на нациите во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство, совладувајќи ја селекцијата на Андора со убедливи 3:0. Избраничките на селекторот Андов одиграа сигурен и дисциплиниран натпревар, контролирајќи ја играта во текот на целиот меч и создавајќи повеќе можности пред противничкиот гол.

Резултатот го отвори младата Теона Галабовска, фудбалерка на Тиверија Брера од Струмица, која погоди во 17. минута од натпреварот. Само три минути подоцна, во 20. минута, Симона Мејер ја зголеми предноста на македонската репрезентација на 2:0.

Во второто полувреме македонските фудбалерки продолжија со сигурна игра и целосна контрола на теренот, не дозволувајќи му на противникот да создаде посериозна закана, во игра влезе младата и талентирана  Меланија Грозданова каде со погодок во 83. минута од натпреварот Македонија дојде до конечни 3:0.

Со оваа победа, нашата репрезентација освои важни бодови и дополнителна самодоверба за продолжението од натпреварите во групата од Ц Лигата на нациите во квалификациите за Светското првенство.

Следниот натпревар нашата селекција ќе го одигра на 14 април, кога на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Унгарија. Овој дуел ќе биде нова можност за македонските фудбалерки да продолжат со добрите резултати во квалификацискиот циклус.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!