РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската A репрезентација поразена со 2:0 од Азербејџан

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А женска репрезентација со пораз ги започна квалификациите од Лига Ц за пласман на Светско првенство, откако во Баку загуби од селекцијата на Азербејџан со 2:0.

Во првото полувреме нашата селекција имаше свои моменти. Александра Марковска и Симона Мејер се заканија кон противничкиот гол, но нивните удари беа изблокирани од домашната одбрана. Азербејџан поведе во 28. минута преку Севинџ Џафарзаде, која ја искористи својата шанса и донесе предност за домаќинот.

Во второто полувреме Македонија се обиде да дојде до израмнување. Максути и Николовска имаа солидни можности, но недостасуваше прецизност во завршницата. Џафарзаде повторно погоди во 78. минута, поставувајќи ги конечните 2:0 и осигурувајќи победа за Азербејџан.

Избраничките на селекторот Александар Андов следната шанса за први бодови ќе ја бараат на домашен терен. На 7 март во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“, Македонија ќе ја пречека селекцијата на Андора.

Азербејџан: А. Шарифова, А. Нахмедова, Џ. Махсимова (А. Саламзаде 90+4), Н. Мирзалиева, А. Ахмедова, М. Молаева (К. Бакарандзе 90+4), В. Сејфединова (Х. Асадова 85), Ј. Аџар (А. Мурадова 85), Џ. Алиева (Н. Хаџиева 76), С. Џафарзаде (к), П. Боздаг; Селектор: Сијасет Асгеров.

Македонија: 1. В. Панчурова, 21. Б. Петкова (85` Петкова), 6. М. Панева, 5. П. Николовска (85` Петкова), 19. С. Мејер, 10. Т. Галабовска, 8. А. Марковска, 7. М. Грозданова (61` Бошевска), 14. Е. Величковска (74` Панеска, 9. И. Максути, 11. Х. Мустафа (61` Павловска); Селектор: Александар Андов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!