Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Кошаркарите со силна поддршка во Баку од добро познати фудбалски имиња – Андов, Истатов, Џонов и Илиоски!

Сподели
Сподели

Кошаркарската репрезентација на Македонија забележа триумф над Азербејџан во Баку, откако славеше со 70:78.

Иако играа далеку од дома, македонските кошаркари имаа мала, но силна поддршка од трибините со развеани македонски знамиња од добро познати фудбалски имиња.

Силна поддршка даваа селекторот на женската македонска фудбалска репрезентација, Александар Андов, Мишел Истатов од комисијата за женска фудбал при ФФМ, Димитар Џонов кој е член на Управниот одбор на ФФМ, како и координаторот на женската А репрезентација Петре Илиоски.

Инаку, веќе утре женската фудбалска репрезентација на Македонија ќе игра против Азербејџан, меч од првото квалификациско коло за Светско првенство. Нашата репрезентација покрај со Азербејџан е во група и со Унгарија и Андора.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!