Трета лигаФудбал

Борец претстави уште две засилувања: Кочовски и Иванов

Сподели
ФОТО: ФК Борец
Сподели

Третолигашот Борец за пролетните предизвици кон обезбедување на баражот за можен влез во Втора лига се засили со уште двајца фудбалери.

Нови имиња на некогашниот прволигаш од Велес се Тоше Кочовски и Даниел Иванов.

Кочоски доаѓа од екипата на Росоман има 21 година и настапува на позицијата лев бек, а во минатото има настапувано за младинските категории на Тиквеш од каде и потекнува.

Иванов има 25-години, доаѓа од Слога Виница и тој всушност е повратник во велешкиот клуб, а претходно настапуваше за Кожуф, Каменица Саса, Кит Го од Пехчево, Детонит Плачковица, Маџари Солидарност, Брегалница од Штип, Македонија ЃП, Металург и Работнички.



Претходно како што објави Спортска Мрежа, Борец се засили со Трајче Костадинов, Никола Димов и Стефан Филиповски.

Пролетниот дел тимот на Борец го отвори со убедлива победа на домашен терен над Росоман со 6:1.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!