Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје го чува врвот, Саса ја доби Тиверија Брера, шампионот Љуботен со десет гола ја „уништи“ Речица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Првото пролетно коло во Првата женска фудбалска лига донесе голем број на погодоци, а највисока победа однесе шампионот Љуботен од 10:0 над Речица.

Лори-Ен Моисет постигна четири погодоци, двоен стрелец беше Елена Симјанова заедно со Улза Максути, а по еден гол постигнаа Александра Марковска и Хава Мустафа.

Лидерот Скопје го чува врвот, откако со 0:2 славеше на тешкото гостување кај Ас Јунајтед. Резултатот го отвори Јована Каралиоска со гол во 33. минута, а печат на победата стави Рабија Дервиши во 87. минута.

Истатов на рутина го доби мечот со „фенерџијата“ Кочани откако со 3:0 беше подобар тимот на Кирил Изов. Резултатот го отвори Елма Шемсовиќ во 17. минута за минимални 1:0 на полувреме, во вториот дел Канита Емини и Радица Чонева постигнаа два гола во 5 минути за конечни 3:0.

Вардар ја слави Михаела Марковска која го постигна победничкиот гол за триумф на Вардар од 1:0 над Топ Гол со што девојките на Теодора Димитровска победнички ја отворија 2026 година.

Каменица Саса убедливо го доби дербито со Тиверија Брера, откако „рударките“ славеа висока победа 3:0.



Ана Димитровска по десет минути игра го отвори резултатот, а во 24. минута Тчеури Харуми Гоја погоди против поранешниот клуб за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Гоја со втор гол ги постави конечни 3:0.

Во однос на табелата Скопје е на врвот со 42 бодови и му бега два бода на шампионот Љуботен кој е втор. Истатов сега изби на третото место со 29 бодови, а пак Каменица Саса и Тиверија Брера со по 27 бодови го делат четвртото место, а пак Ас Јунајтед сега е шести со 26 бодови.

Вардар направи скок на табелата од едно место за седма позиција со 11 бодови, Речица е осма со 10 бодови, на дното се „заковани“ Топ Гол и Кочани кои ќе водат мртва трка за тоа кој да игра бараж за опстанок, а кој да испадни во Втора лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ФОТО) Богданци дишеше во ритамот на ракометот: Исполнета сала со детска радост и енергија на ракометниот караван на РФМ

Ракометната федерација на Македонија успешно ја реализираше својата нова станица од Ракометниот караван, кој денеска се одржа во спортската сала „Млаз“ во Богданци....

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Димитровска по триумфот над Топ Гол: Девојките покажаа карактер, трпение и голема желба за победа

Дебитантот во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Вардар, победнички ја отвори пролетната полусезона, откако на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Топ...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Димитровска по триумфот над Топ Гол: Девојките покажаа карактер, трпение и голема желба за победа

Дебитантот во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Вардар, победнички ја отвори пролетната...

ФудбалФутсал

Јувентус Серава преку пресврт вечерва славеше над Мал Ајакс

Екипата на Јувентус Серава со одлично второ полувреме го доби Мал Ајакс,...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Објаснување за судиските одлуки и инцидентот во финишот на натпреварот Вардар – Башкими

Фудбалската федерација на Македонија даде целосно објаснување за судиските одлуки и инцидентот...

Прва лигаФудбал

Реми во Битола, Вардар со минималец над Башкими го чува врвот

Возбудувањата во ПМФЛ продолжија со два различни сценарија – реми во Битола...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!