Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Објаснување за судиските одлуки и инцидентот во финишот на натпреварот Вардар – Башкими

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија даде целосно објаснување за судиските одлуки и инцидентот во финишот на натпреварот Вардар – Башкими.

„Во однос на денешниот натпревар од 19. коло на Прва МФЛ помеѓу ФК Вардар и ФК Башкими, во 87. минута беше доделен директен црвен картон за играчот со бр. 3 од гостинската екипа поради плукање кон судијата.

Главниот судија се наоѓаше на оддалеченост од околу еден метар од настанот, јасно го забележа плукањето и без двоумење правилно покажа директен црвен картон. Ова крајно неспортско однесување беше потврдено и од ВАР-судиите, врз основа на јасен видео-доказ од моментот на инцидентот.

Потоа, претходно исклученото службено лице од клупата на ФК Башкими недозволено влезе во теренот за игра, провоцирајќи и започнувајќи конфронтација со активниот играч на ФК Вардар, Бобан Николов. Ваквото однесување е крајно неспортско и недозволиво, особено имајќи предвид дека лицето беше исклучено во првото полувреме и во никој случај не смееше да влезе на теренот.

Причината за конфронтацијата и исклучувањето произлегува исклучиво од недозволивото однесување на играчот со бр. 3, кој плукна кон судијата, како и од недозволеното влегување на исклученото службено лице на теренот, кое започна конфронтација со играчот на ФК Вардар, Бобан Николов, кој потоа оправдано беше дисциплински санкциониран со жолт картон.



Воедно, заради целосна информираност и транспарентност, претставник на ФК Башкими може во секое време да го посети ВАР-центарот на ФФМ, да го прегледа видео-материјалот и да ја преслуша целосната комуникација помеѓу главниот судија и исклучениот играч, како и комуникацијата меѓу судиите.

Истовремено, информираме дека натпреварот, поради изгубеното време, беше продолжен за 10 минути, а главниот судија го заврши по истекот на надополнетото време. Прикажаното надополнето време од +18 минути на ТВ екраните претставува техничка грешка на продукцијата“, велат од ФФМ.

ВИДЕО ОД МОМЕНТОТ



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ФОТО) Богданци дишеше во ритамот на ракометот: Исполнета сала со детска радост и енергија на ракометниот караван на РФМ

Ракометната федерација на Македонија успешно ја реализираше својата нова станица од Ракометниот караван, кој денеска се одржа во спортската сала „Млаз“ во Богданци....

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Димитровска по триумфот над Топ Гол: Девојките покажаа карактер, трпение и голема желба за победа

Дебитантот во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Вардар, победнички ја отвори пролетната полусезона, откако на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Топ...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Димитровска по триумфот над Топ Гол: Девојките покажаа карактер, трпение и голема желба за победа

Дебитантот во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Вардар, победнички ја отвори пролетната...

ФудбалФутсал

Јувентус Серава преку пресврт вечерва славеше над Мал Ајакс

Екипата на Јувентус Серава со одлично второ полувреме го доби Мал Ајакс,...

Прва лигаФудбал

Реми во Битола, Вардар со минималец над Башкими го чува врвот

Возбудувањата во ПМФЛ продолжија со два различни сценарија – реми во Битола...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!