ИнтернационалциФудбал

Шкендија со минимална негатива пред реваншот во Самсун

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот шампион Шкендија го загуби првиот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциска лига против Самсунспор со 0-1 и со гол заостанување ќе патува на реваншот во Турција.

Тетовци на арената „Тодор Проески“ во Скопје се соочија со мотивиран противник кој од стартот ја презеде иницијативата. Турскиот состав имаше повеќе од играта и уште во раната фаза доби можност да поведе од пенал, но ударот од белата точка заврши над голот.

Шкендија претежно се бранеше и се обидуваше преку контри да создаде опасност, но не успеа посериозно да го загрози противничкиот гол. Одлуката падна во 77. минута, кога по акција по левата страна Мариус ја испрати топката во мрежата за конечни 0-1.



До крајот гостите рутински ја сочуваа предноста, па сега избраниците на Беќири ги очекува тешка задача на реваншот во Самсун, каде ќе се обидат да ја надоместат минималната негатива и да останат во европската трка.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Брегалница Делчево со интензивни подготовки за дербито со Овче Поле

Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!