ИнтернационалциФудбал

Катерина Петкова со прв интернационален трансфер – кариерата ја продолжува во Спартак Суботица

Сподели
ФОТО: ЖФК Спартак Суботица
Сподели

Младата македонска фудбалерка Катерина Петкова ќе го има својот прв меѓународен ангажман во кариерата. Деветнаесетгодишната одбранбена фудбалерка од редовите на ЖФК Истатов 2015 кариерата ја продолжува во српскиот шампион ЖФК Спартак Суботица.

Петкова ги направи своите први фудбалски чекори токму во Истатов, каде на само 14 години за првпат го облече синиот дрес и започна да се гради како играч во тимот предводен од стратегот Кирил Изов. Во изминатите години таа прерасна во една од најстандардните и најпосветените фудбалерки на клубот.

Ова е нејзин прв трансфер во кариерата, и тоа веднаш надвор од границите на Македонија. Од нејзиниот матичен клуб не ја кријат гордоста, но и емоциите поради заминувањето на една од нивните најпрепознатливи фудбалерки.

„Од денес и официјално нашето девојче, кое на 14 години за првпат го облече синиот дрес, направи чекор напред во својата кариера. Девојката која беше синоним за верност и љубов кон својот матичен клуб ќе биде дел од еден балкански гигант. Велат Господ ги наградува храбрите и упорните. Таков е случајот со нашата Катерина. Кате, ти посакуваме многу успеси со новиот клуб, победи и титули, бидејќи ти тоа го заслужуваш“, порачаа од ЖФК Истатов.



Петкова веќе пристигна во Суботица, каде што беше и официјално промовирана во дресот на Спартак. Од нејзиниот нов клуб ѝ посакаа топло добредојде.

„Добредојде, Катерина! Нашето сино-бело семејство е посилно за уште една талентирана фудбалерка – Петкова Катерина, 19-годишна А репрезентативка на Македонија, која доаѓа од ЖФК Истатов 2015 Скопје. Таа настапува на позицијата одбранбен играч“, соопштија од Спартак Суботица.

Инаку, 19-годишната Петкова е стандардна репрезентативка на Македонија, а овој трансфер претставува значаен чекор напред во нејзиниот развој и уште една потврда за квалитетот на македонските фудбалерки на меѓународната сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Брегалница Делчево со интензивни подготовки за дербито со Овче Поле

Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!