В недела ќе се одиграат натпревари од 10. коло на Првата женска фудбалска лига, а веќе се познати и судии кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на четирите натпревари.
Во рамки на десеттата рунда слободна ќе биде екипата на Љуботен од Тетово.
Методија Костов ќе им суди на лидерот Тиверија Брера и Атлетико во Струмица, Ас Јунајтед дома ќе игра против Скопје, а главен судија ќе биде Вјолца Изеири.
Драган Стевановски ќе им суди на Истатов и Каменица Саса, а пак Ирена Велевачкоска на Топ Гол и Речица.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 10. КОЛО ПФЖЛ:
Тиверија Брера – Атлетико, Методија Костов (Велес) 14:00 часот
Ас Јунајтед – Скопје, Вјолца Изеири (Гостивар) 13:00 часот
Истатов – Каменица Саса, Драган Стевановски (Велес) 12:00 часот
Топ Гол – Речица, Ирена Велевачкоска (Прилеп) 14:30 часот